После локациите покрај автопатиштата, Словенија има намера да го искористи и земјиштето покрај пругите кое е сопственост на националната железница, за инсталирање на фотоволтаици. Вака произведената енергија ќе биде наменета првенствено за домаќинствата. Станува збор за модел за производство на струја од обновливи извори за делумно или целосно снабдување на крајните потрошувачи во станбените згради, со што се реализира дел од стратепките цели ан државата за снадбдување на потрошувачите со енергија од нискојаглеродни извори.
При изборот на компании кои ќе бидат партнери во овој проект, предност ќе имаат оние кои најмалку 80% од енергијата ќе ја наменат за домаќинствата, при што на прво место се енергетски сиромашните домаќинства и оние кои не добиле согласност да станат прозјумери. Проектот треба да се реализира со 2025 година.