Насловна / Вести / Словенија ги зголемува субвенциите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Словенија ги зголемува субвенциите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

Словенечкиот еколошки фонд „Еко склад“ со дополнителни 17 милиони евра за енергетска ефикасност на зградите, ги зголеми средствата за субвенции, кои на граѓаните им се достапни за нови инвестиции во обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност на зградите. Со тоа расположивите средства се зголемени од 26 на 43 милиони евра.

ekosklad1

 

Субвенциите може да се искористат меѓу останатото и за замена на старите уреди за греење или за купување на топлинска пумпа. Исто така, средствата може да се користат и за вградување на соларен систем за греење на згради, замена на топлинските подстаници, поставување на енергетски поефикасни прозорци и врати, енергетска реконструкција на фасади, како и вградување на систем за вентилација со рекуперација на топлина. Опфатени се и проекти за реконструкција на системите за греење и ладење која вклучува обновливи извори на енергија, како и купување на батерии за складирање на енергија.

ekosklad2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top