Насловна / Вести / Словенечкото електростопанство ќе тргува со еколошки сертификати

Словенечкото електростопанство ќе тргува со еколошки сертификати

Berza ICE

Holding Slovenske elektrarne (HSE) стана полноправен член на една од најголемите светски берзи Intercontinental Exchange. Со тоа, оваа компанија стана првата енергетска компанија од југоисточна Европа, која започна тргување на таа глобална берза. HSE е најголемиот производител и трговец со електрична енергија на пазарот во Словенија.

Slovenski elektrani logo

„Полноправното членство во една од најголемите светски берзи, како што е ICE, отвора нови деловни можности, првенствено во тргувањетто со сертификатите за заштита на животната средина“, изјави извршниот директор за маркетинг во HSE, Томас Штокељ. Берзата ICE е основана во 2000 година во Атланта (САД) и специјализирана е за енергетскиот сектор.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top