Насловна / Вести / Словенечкото електростопанство ќе постави голема соларна пловечка електрана, покрај термоелектраната „Шоштањ“

Словенечкото електростопанство ќе постави голема соларна пловечка електрана, покрај термоелектраната „Шоштањ“

Во согласност со националната стратегија за постепено напуштање на користењето на јагленот и спроведување на праведна транзиција, Holding Slovenske elektrarne (HSE) работи на алтернативни решенија за снабдување со енергенти и инвестира во развој на Шалешката долина. Во тој крај се наоѓа единствениот рудник на јаглен и термоелектрана на ова гориво во Словенија. HSE објавил дека на Дружимирското езеро, познато и како Шалешко езеро, ќе инсталира пловечка соларна електрана. Тоа вештачко езеро е создадено кон крајот на минатиот век, над тлото на рудникот со јамска експлоатација „Велење“.

Во непсоредна близина е и споменетата термоелектрана. Планираниот капацитет ан оваа соларна електрана е 140MW, и нема да зафаќа повеќе од половина од површината на езерото. Ќе се направи и инфо пункт за информирање на граѓаните за проектот. Инаку, со низа одржливи проекти HSE во последната деценија ги намалила емисиите ан јаглерод диоксид за 1,4 милиони тони, или за 30%, додека сулфурниот диоксид и азотите оксиди ги намалила за 70%.

1_58

1_57

Подсекторот на соларнни пловечки електраи е во замав во Европа, а на Балканот засега постојат само неколку мали постројки од ваков вид. Некои биолози и активисти се загрижени дека пловечките соларни електрани може да му наштетат на живиот свет во водите бидејќи го спречуваат продорот на светлината. Од друга страна, заговорниците на оваа технологија укажуваат на намаленото испарување на вода.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top