Насловна / Вести / Словенечките „зелени“ против ТЕ „Шоштањ“ и енергијата од јаглен

Словенечките „зелени“ против ТЕ „Шоштањ“ и енергијата од јаглен

Словенија мора веднаш да започне со активности против „климатската криза“, предупредува словенечката подружница на  Greenpeace.  Словенечките еколошки активисти на ладилните кули од термоцентралата „Шоштањ“ во Велење, ја проектирале сликата на Земјата во пламен, со пораките: „Tоа е климатска криза“ и „Без јаглен“. Истовремено, прозван е словенечкиот премиер Шарец, да ја препознае климатската криза и да дејствува без одложување. Еколозите сметаат дека словенечката влада треба да се обврзе на целосно напуштање на производството на електрична енергија од јаглен најдоцна до 2029 година, а да се започне уште денес. Имено, како што истакнуваат тие, веќе 11 земји од ЕУ се на пат да ја постигнат оваа цел во енергетиката. Од друга страна, исто така напоменуваат дека во минатите 10 години Словенија не направила речиси ништо во делот на поголемо искористување на енергијата од ветерот. Словенечките политичари се повикани конечно да запрат со поддршката за енергетски интензивната индустрија. „Имено, секоја година енергетски најрастрошните словенечки фабрики добиваат разни даночни олеснувања, а прито не прават ништо за да го направат својот процес на производство енергетски поефикасен. Само граѓаните се тие кои интензивно ги санираат своите објекти и менуваат прозорци и покриви з ада придонесат кон енергетската ефикасност“, огорчени се еколозите.

sostanj2

sostanj3

Испрати коментар

Scroll To Top