Насловна / Вести / Словенечкиот ELES во партнерство со Renault развива проект за е-мобилност

Словенечкиот ELES во партнерство со Renault развива проект за е-мобилност

Словенечкиот оператор на преносниот систем ELES, за прв пат ќе соработува со автомобилската компанија Renault во рамките на европскиот проект од областа на е-мобилноста. ELES е еден од 33-те партнери од 8 земји кои го осмислиле проектот Large demonstratIoN of user CentrIc urban and long-range charging solutions to boosT an engaging deployment of Electric Vehicles in Europe – INCIT-EV. Проектот INCIT-EV се кофинансира од страна на Европската Унија преку програмата  Horizon 2020 во износ од 15 милиони евра. Како што истакнуваат од ELES, поради потенцијалните негативни влијанија од брзиот раст во секторот е-мобилност, врз електроенергетскиот систем, многу е важно во развојот на е-мобилноста да бидат вклучени и операторите на преносниот систем. Првите оператори кои започнале да се бават со овој предизвик и тесно се поврзале со автомобилската индустрија се оние на Словенија и Шпанија.

eles1

Проектот има за цел да обезбеди иновативен концепт на инфраструктурата за полнење на електричните возила, технологија и поврзани деловни модели, како и интегрирање на преференциите на корисниците на електрични возила. ELES истакнува дека проектот INCIT-EV е осмислен во согласност со E8 концептот на интегрален развој на инфраструктура за масовно полнење на електрични возила. Концептот E8 се состои од 8 приоритети кои се клучни за масовна транзиција кон одржлива е-мобилност од сите заинтересирани страни.

eles2

eles3

Испрати коментар

Scroll To Top