Telekom Slovenije соопшти сека со своите партнери развил сеопфатно решение за мрежа за паметно полнење на електрични возила на компаниите кои сакаат да го електрифицираат својот возен парк. Решението „клуч на рака“ е модуларно и ќе може да ги вклучува сите, од инсталација и одржување на полначите за електрични возила до напреден софтвер за управување и оптимизација на потрошувачката на енергија.
Паметната мрежа за полнење исто така им овозможува на менаџерите на возните паркови во компаниите, ефикасно управување со инфраструктурата за полнење, како и интегрирање на тој систем во постоечката инфраструктура за полнење. Мрежата овозможува и вработените како и други корисници да ги полнат своите возила. Софтверското решение нуди и опција за подесување на моќноста, со што мерното место се штити од надминување на максималната моќност. Системот за управување со полначите обезбедува преглед на потрошувачката ан енергија, увид вос татистиката на користење, предупредување за грешките и напредни опции за оптимизација на трошоците.