Насловна / Вести / Словенечки NGEN го инсталираше првиот Tesla Powerpack систем на батерии во регионот

Словенечки NGEN го инсталираше првиот Tesla Powerpack систем на батерии во регионот

Словенечката компанија NGEN свечено го пушти во работа првиот систем на батерии за складиштење на електрична енергија на компанијата Tesla (Tesla Powerpack) на северозападот од Словенија. инаку, ова е најголем Tesla Powerpack систем во Европа. Инвестицијата на компанијата NGEN во складиште за електрична енергија со капацитет 12,6 MW/22,2 MWh, вклучувајќи проектирање, изградба и целокупната опрема, изнесува 15 милиони евра. Складиштето ќе се користи за балансирање на електроенергетската мрежа, за намалување на нерамнотежата на билансните групи и овозможување на флексибилна поддршка на останатите учесници на енергетскиот пазар, посебно за поголемите потрошувачи, се наведува во соопштението на компанијата NGEN. Во наредните осум месеци, во Словенија ќе биде инсталиран уште еден систем на батерии за складиштење на енергија. Исто така, NGEN ја разгледува можноста за соработка со други компании на инсталација на батерии за складирање на енергија, чие управување би било контролирано со софтвер од оваа фирма, како и обезбедување на техничка поддршка на меѓународниот пазар. Идејата за инсталирање на батериски системи на компанијата Tesla се појавила во 2015 година, во целост е развиена во 2018 година, а првите активности на реализацијата започнале во средината на 2018 година, кога е основана компанијата NGEN. Градежните работи на складиштето за енергија започнале во април 2019 година, додека првите оперативни тестови се направени на крајот на август.

NGEN1

NGEN2

NGEN3

Испрати коментар

Scroll To Top