Компанијата GEN group во 2023 година остварила профит од 204,5 милиони евра, што е десет пати повеќе во однос на 2022 година. Но, во истиот период приходите с енамалени за речиси 30%. Високите цени на енергијата на почетокот на 2023 година се главната причина за добрите резултати, соопштиле од компанијата. Во склоп на GEN group, работат нуклеарната електрана „Кршко“, термоелектраната „Брестаница“ и девет хидроелектрани на Сава. Во 2023 година, компанијaта инвестирала 80 милиони евра, а за оваа година планот е 140 милиони евра.
Освен што вложува во сопствени постројки за производство ан енергија, компанијата како изведувач инсталирала фотоволтаични електрани за домаќинства и мали компании со вкупна инсталирана моќност од 63 MW. GEN group, во буџетот на Република Словенија ќе уплати 100 милиони евра на име дивиденда за својот единствен акционер. Во координација со сите фирми во склоп на групацијата, започната е реализацијата на Стратешкиот план за развој за периодот 2024 – 2030 година, според кој компанијата сака да стане водечки регионален производител на нискојаглеродна енергија.