Насловна / Вести / Словенците знаат како да потстапуваат со отпадот

Словенците знаат како да потстапуваат со отпадот

Snaga, компанијата за управување со отпад, со автоматизиран погон ќе го одвојува мешаниот комунален отпад за рециклирање во Марибор. Постројката ќе биде пуштена во пробна работа кон крајот на месецов, а со помош на сензори ќе се издвојуваат секундарни суровини од над 50% од мешаниот комунален отпад. Со тоа, Марибор ќе стане лидер во циркуларната економија во регионот. Компанијата Snaga, е исто така, партнер во проектот  Urban Soil 4 Food кој има за цел повторна употреба на органскиот отпад, како што е отпадот од градинарството. Проектот веќе има обезбедено три милиони евра неповратни средства од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF).

Snaga1Snaga3

Испрати коментар

Scroll To Top