Промената во законот беше донесена со 102 „за“ и пет гласови „против“, при што владејачката левоцентристичка коалиција беше поддржана и од некои опозициски пратеници. Според забраната, водата за пиење и минералната вода не може да се извезува од Словачка преку цевки или во цистерни. Тоа не го засега изнесувањето вода за лични потреби или во шишиња.
Словачка има доволно водни ресурси, но премиерот Роберт Фицо ја нарече забраната „разумен чекор“. Според него, таа се покажала неопходна по обидите да се изградат цевководи за транспортирање вода од Словачка во соседните Полска и Унгарија. Премиерот Фицо рече дека забраната била усогласена со ЕУ.