Насловна / Вести / Словачка ѝ предлага на Русија заеднички проект поврзан со „Турски поток“ низ Бугарија

Словачка ѝ предлага на Русија заеднички проект поврзан со „Турски поток“ низ Бугарија

turkish_stream_route_gazprom

Словачка ѝ предложи на Русија проект со Бугарија, Романија и Унгарија со учество на Европската Унија, поврзан со „Турски поток“, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо, пренесува ТАСС.

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска во Москва се сретна со рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Предлагаме на Русија заеднички проект на Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка со учество на ЕУ. Тоа е поврзано со руско-турскиот гасовод, чиј проект ќе биде реализиран до 2016 година, нагласи Фицо. 

Испрати коментар

Scroll To Top