Насловна / Вести / Словачка и Германија се надеваат на враќањето на рускиот гас

Словачка и Германија се надеваат на враќањето на рускиот гас

Словачка и индустриските компании во Германија се надеваат на враќање на залихите на руски гас. Рускиот претседател Путин, минатата недела рекол дека доколку САД и Русија се договорат околу енергетската соработка, тогаш гасоводот за Европа би можел да биде обезбеден. Според неговите зборови, „тоа ќе и користи на Европа“ бидејќи ќе добива ефтин руски гас.

Европа и натаму плаќа поскапо за набавка на гас, трета година од почетокот на војната, а во Германија многу компании се надеваат на враќање на испораката на руски гас, бидејќи високите цени на енергентот значително влијаат врз нивната конкурентност. Земјите од средна и источна Европа, кои претходно се потпираа доминантно на рускиот гас, особено Словачка, исто така се залагаат за оваа опција. Се истакнува дека прашањето на складирање на гас станува главна грижа на европските земји оваа година, бидејќи ладната зима и падот на производството од ветер довеле до тоа земјите побрзо да ги трошат своите резерви. Меѓутоа, многу стручњаци веруваат дека слаба е веројатноста да се вратат претходните количини на снабдување. Како причини, се наведуваат развојот на планот на ЕУ за постепено исфрлање на рускиот гас до 2027 година, нарушените односи помеѓу Европа и руските добавувачи на гас, како и проблемите со инфраструктурата. Руската федерација во 2024 година обезбедила околу 20% од гасот во Европа, а во 2023 година, 15%.

 

Испрати коментар

Scroll To Top