Насловна / Вести / Словачка добива ново подземно складиште за природен гас?

Словачка добива ново подземно складиште за природен гас?

podzemno-skladiste-za-gas-slovacka

Во Словачка повторно се покренати активностите околу изградбата на ново подземно складиште на природен гас со капацитет од 1,5 милијарди м3 годишно, покрај местото Голианово. Министерството за стопанство ја одобри оваа инвестиција уште пред 8 години, но инвеститорот домашната компанија BellGass дури сега стартува со реализација. Осве складиштето неопходно е да бидат изградени гасоводи во должина од  13 km  со цел поврзување на капацитетот со транзитниот магистрален гасовод. Овие работи, според новиот план би започнале во 2017 година. Словачка во моментот има две складишта з априроден гас со вкупен капацитет од 3 милијарди м3.

banatski-dvor

Складиштата за природен гас и овозможуваат на секоја држава која ги поседува зајакнување на сигурноста во снабдувањето со природен гас од аспект на геополитички, пазарни и други ризици, и се од извонредно значење за општата енергетска сигурност и економска стабилност.  Се градат во подрачја на напуштени рудници за сол и некогашни аквифери. Македонија нема подземни складишта за гас, а во нашето соседство тоа се Банатски двор во Србија и Чирен во Бугарија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top