Во пресрет на утрешното прогласување на добитникот на наградата Pritzker 2019, погледнете како изгледале скиците за прочуените објекти според замисла на мајсторите на занаетот, кои ја освоиле оваа најпрестижна награда во архитектурата.
Од иницијалните скици не ретко може да се види суштината и карактерот на идниот објект, па така овој сегмент на проектирањето е од исклучително значење. Како прв чекор во процесот на проектирање, скиците на архитектот укажуваат на начинот на гледање на темата, а често во нив веќе и се наѕира и решението на идниот проект. Скиците го покажуваат начинот на размислување на архитектот и неговиот стил.
Како навистина цртаат големите архитекти? Благодарение на ArchDaily, можете да видите како изгледаат скиците на добитниците на наградата Pritzker – од Заха Хадид преку Норман Фостер до Тадао Андо.
Renzo Piano
Château La Coste Art Gallery
Alejandro Aravena
Casa OchoQuebradas
Frank Gehry
Guggenheim Bilbao
Zaha Hadid
Енергична скица
Eduardo Souto de Moura
Convento Das Bernardas
B.V. Doshi
Premabhai Hall
Oscar Niemeyer
Casa da Canoa
Richard Rogers
National Assembly for Wales
Tadao Ando
Koshino House
Jern Ucon
Опера, Сиднеј
Norman Foster
The Pavilion
Sverre Fehn
Morocco
RCR Arquitectes
Градинка, Els Colors
Philip Johnson
Sorek Nuclear Research Center
Paulo Mendes da Rocha
Cais das Artes
Alvaro Siza Vieira
Nadir Afonso Contemporary Art Museum