Британската национална галерија го промени насловот на сликата на Дега „Руски танчерки“ во „Украински танчерки“, со образложение дека тоа го прави насловот на сликата поблизок до нејзината тема, пренесува Гардијан.
Галеријата ги исполни барањата на некои Украинци на социјалните мрежи и го смени насловот на делото на францускиот импресионист од почетокот на 20 век.
Станува збор за пастел што прикажува танцувачка група, чиј настап го фасцинирал Едгар Дега во неговите подоцнежни години во Париз.
Жолтата и сината, украинските национални бои, се забележливи на нешто што наликува на ленти за коса и венци што ги носат танчерките, наведува Гардијан.
„За насловот на оваа слика се води дискусија долги години, а темата е застапена во научната литература. Сепак, поради зголемениот фокус на неа во текот на изминатиот месец поради актуелната ситуација, сметавме дека е добро време да го ажурираме насловот за подобро да ја отслика темата на сликата“, рече портпаролот на Националната галерија, пренесува британскиот медиум.