Насловна / Арт и дизајн / Сликата „Птица со граната“ на Банкси, продадена за 170.000 евра

Сликата „Птица со граната“ на Банкси, продадена за 170.000 евра

Ова дело создадено уште во 2002 година, е купено од страна на еден холандски колекционер, а претходно било во сопственост на синот на гитаристот на групата Rolling Stones. Аукцијата на која платното „Птица со граната“ постигна цена од 170.000 евра е одржана во Холандија. Според фотографијата објавена од страна на аукциската куќа, станува збор за слика на птица со граната која виси од клунот, а изработена е со бои во спреј. Идентитетот на Банкси и натаму останива тајна. Познато е дека е од Бристол на југозападот на Англија, и дека кон крајот на деведесетите се преселил во Лондон. Својата слава ја стекнува преку општествено критичните и главно контроверзни графити кои се појавуваа без најава.

bansky1

bansky2

 

Испрати коментар

Scroll To Top