Насловна / Арт и дизајн / Сликата на Бенкси Show me the Monet, продадена за осум милиони евра

Сликата на Бенкси Show me the Monet, продадена за осум милиони евра

Познатиот Бенкси, познат како уличен уметник, графити мајстор, но и политички активист, уште пред 15 години дал свое видување на познатата слика на импресионистот Клод Моне. Станува збор за сликата на која се претставени водени лилјани од градината на Моне  во Живерни во Франција.  Имено, ова дело на Моне е едно од дванаесетте со мотиви на јапонскиот мост на уметникот и неговите водени градини со идентична идилична сцена во различен период на денот, различни временски услови и годишни времиња.

Сликата на Бенкси инспирирана од Моне, го носи називот “Покажи ми го Моне“ (Show me the Monet), а настанала во текот на 2005 година за потребите на изложбата во една позната галерија. На оваа слика идиличниот пејсаж на Моне е „надополнет“ со превртен порткалов сообраќаен знак, како и напуштена количка од супермаркет фрлена во езерцето на легендарната сцена од градината. Оваа слика на Банкси е продадена за 8,4 милиони евра, надминувајќи ја проценетата вредност од околу 5,5 милиони евра.

monet1

monet2

Алекс Бранчик, раководител на отсекот за европска современа уметност во „Сотби“, смета дека ова е едно од најдобрите дела на Бенкси. „Секогаш непредвидлив, како глас на протест и општествено незадоволство, Бенкси не опоменува поради непочитувањето на животната средина во корист на расипничкиот конзумеризам“, вели Бранчик.

„Покажи ми го Моне“ е дел од серијата на авторот под името „Сурова нафта“, во која Бeнкси прави алузии на канонските дела на светското сликарство во контекст на денешното време. Во оваа серија се најдоа и „Сончогледите“ на Ван Гог, кои во верзијата на Бeнкси се овенати во вазна, потоа „Ноќната прошетка“ на Едвард Хопер, на која е додаден бесен човек во боксерки со мотиви на британското знаме, но и „Мерилин Монро“ на Енди Ворхол, која е претворена во Кејт Мос.

monet3

monet4

monet5

 

Испрати коментар

Scroll To Top