Насловна / Арт и дизајн / Сликата на Бенкси ќе го помогне британското здравство со 19,5 милиони евра

Сликата на Бенкси ќе го помогне британското здравство со 19,5 милиони евра

Минатата година во мај, британскиот уметник Бенкси им оддаде признание на здравствените работници со неговото дело, Game Changer, во општата болница во Саутемптон. Уметникот со платното остави и порака на болницата во која пишува:„Благодарам за се што правите. Се надевам дека малку ќе го разведри просторот, иако е црно-бело“.

BAN

На сликата е прикажано мало момче како клечи покрај канта за отпадоци. Тој своите херои, Бетмен и Спајдермен, ги отфрлил во кантата и ги заменил со нов суперхерој – медицинска сестра. Како и Бетмен и сетрата има испружена рака и носи маска на лице, капа и кецела со знак на црвен крст, кој е единствен елемент во боја на црно-белото платно.

Предвидено беше платното до есен да остане во болницата, потоа да биде понудено на аукција, а парите од продажбата да бидат уплатени во британскиот здравствен фонд, конечно тоа и се случи.

„На Националниот ден на рефлексија во Велика Британија, Game Changer на Бенкси е продадена за 16.758.000 фунти, нов аукциски рекорд за еден уметник“, објави гордо на Твитер аукциската куќа „Кристи“.

Парите (околу 19,5 милиони евра) би требало да отидат кај целиот персонал на британската здравствена служба НХС. Пред аукцијата сликата беше проценета на вредност помеѓу 2,9 и 4,1 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top