Клод Моне (14 ноември 1840 – 5 декември 1926) е еден од најзначајните сликари на своето време, го отворил патот на импресионистите и е познат по својата фасцинација на сликање пејзажи на отворено и хортикултура, што се рефлектира во еден дел од неговото уметничко творештво.
Клод Моне во својата градина
Тој е еден од најпознатите сликари во историјата на уметноста и водечка фигура на импресионистичкото движење, чии дела можат да се видат низ целиот свет.
Импресија, изгрејсонце
Оскар – Клод Моне е роден во Париз во 1840 година. На петгодишна возраст, Моне со семејството се преселил во Нормандија, каде што развил љубов кон сликањето. Своите тетратки ги полни со скици на луѓе, вклучувајќи и карикатури на неговите учители. По средбата со Eжен Будин, локален уметник, Моне започнува да го истражува природниот свет. Будин го запознал со сликарството на отворено, што во подоцнежните години ќе стане основа на неговата работа.
Ниска плима кај Пурвил во близина на Дјеп
Во родниот град се вратил 1859 година, каде продолжува да се занимава со уметност. Во Париз потпаѓа под силно влијание на сликите на Барбизонската школата, уметничка колонија која во средината на 19 век се сместила во француското село Барбизон во шума, во близина на кралскиот дворец Фонтенбло, недалеку од Париз. Во тој период го запознава Камил Писар со кого долги години ќе биде добар пријател. По војната во Алжир, од која бил отпуштен поради здравствени причини, во 1862 година, се школува во училиштето на Чарлс Глер и ги запознава Огист Реноар, Алфред Сисли и Фредерик Базил.
Регата во Аржантеј
Во 1872 година, Моне се сели во местото Аржантеј во близина на Париз и тука почнува да го развива својот израз. Во тој период, ги посетува пријателите уметници, Ренаоар, Писаро и Мане – кој – според зборовите на самиот Моне – во почетокот го мразел затоа што луѓето ги мешале нивните презимиња. Со неколку колеги го основа Анонимното здружение на уметници, како алтернатива на Салонот и со нив ги изложува своите дела.
Мадам Моне и синот
Моне понекогаш бил фрустриран од своите дела. Според некои извештаи, тој уништил околу 500 свои слики. Моне ја палел, сечел или шутирал сликата која сметал дека е навредлива. Покрај овие испади, познато е дека страдал и од напади на депресија и сомнеж во себе.
Градина во Живерни
Во доцните години, на еден пријател му напишал: „староста и тагата ме истрошија. Мојот живот не е ништо друго освен неуспех и сè што ми преостанува е да ги уништам моите слики пред да исчезнам“. И покрај својот очај, тој продолжил да работи на своите слики до последните денови.
Починал во 1926 година во својот дом во Живерни. Со своите дела Моне ја „отворил вратата“ за апстракцијата во уметноста, а заслужен е и за влијание на многу подоцнежни уметници.
Локвањи
Железничка станица Saint-Lazare
Од серијата пластови сено
Поглед на островот San Giorgio Maggiore
Прошетката
Од серијта мостови во близина на неговиот имот
Куќата на уметникот во Аржантеј
Бродот-ателје