Насловна / Арт и дизајн / Слика од Пикасо може да се добие за 100 евра преку учество на лотарија

Слика од Пикасо може да се добие за 100 евра преку учество на лотарија

Љубителите на уметноста на  Пикасо, можат  да си ја испробаат среќата во лотаријата која ја организира француската непрофитна добротворна организација Aider les Autres (Помогни им на другите) . На нивната веб страна, за 100 евра може да се купи билет кој е влезница во некој вид наградна игра, во која еден среќник ќе го освои оригиналното дело на Пикасо насловено Nature Morte (Мртва природа), создадено во 1921 година. Делото е проценето на милион евра. Во моментот се наоѓа во Музејот на Пикасо во Париз и му припаѓа на колекционерот David Nahmad. Фондацијата која ја организира оваа наградна игра ја откупува сликата од колекционерот со средствата собрани од продажбата на билети за наградната игра. Вишокот од собраните средства е наменет за CARE International, организација која работи на подобрување на условите во училиштата и обезбедува залихи на вода за пиење во Камерун, Мароко и Мадагаскар. Ова не е прв пат организацијата Aider les Autres на ваков начин да го „дели“ Пикасо. За прв пат ваква акција организирале во 2013 година, кога 25 годишен пожарникар од Пенсилванија го добил цртежот L’Homme au Gibus.

picasso1

picaso2

picasso3

Испрати коментар

Scroll To Top