Сликата на Жан-Мишел Баскијат од 1982 година достигна рекордна вредност од 110,5 милиони долари на аукција на американската аукциска куќа „Сотеби“ во Њујорк.
Сликата Untitled од 1982 година ја купи 41-годишниот јапонски бизнисмен Јусаку Маезава, кој и претходно даде рекордна цена за Баскијат.
Меазава планира експлозивната слика на лице на череп, масло, акрил и спреј на платно, да ja изложи во родниот град Чиба.
Неоекспресионистот Баскијат беше еден од најугледните американски уметници во 80-тите години на минатиот век.
Тој стана познат по графитите и препознатлив по изразените бои и социјалната порака. Умре од прекумерна доза на хероин во 28 година од животот, во 1988 година.
Во Њујорк оваа недела почна пролетна аукција на уметнички дела.