Насловна / Арт и дизајн / Слика на Пикасо продадена за 139 милиони долари – највисоката сума платена за уметничко дело оваа година (ВИДЕО)

Слика на Пикасо продадена за 139 милиони долари – највисоката сума платена за уметничко дело оваа година (ВИДЕО)

Сликата на Пабло Пикасо „Жена со часовник“ (Femme à la montre) од 1932. година продадена e на аукција на Sotheby’s во Њујорк за повеќе од 139 милиони долари, што ја прави највредното уметничко дело продадено на аукција каде било во светот оваа година.

Делото е понудено во сезоната на есенски уметнички аукции во Њујорк, кои според многумина се најпрестижни на уметничкиот пазар. Отиде под чеканот како дел од понудата од колекцијата на починатата филантропка Емили Фишер Ландау, чија вредност е проценета на околу 400 милиони долари.

п

Деветцифрената сума платена за „Жена со часовник“, според цената е веднаш по најскапата слика на Пикасо продадена на аукција, „Жените од Алжир“ (верзија „О“), која достигна цена од 179,3 милиони долари, вклучувајќи ја и премијата за купувачот, на аукција во Christie’s во 2015. година.

Femme à la montre, во превод „Жена со часовник“, е портрет на љубовницата на уметникот, Мари-Тереза ​​Волтер, која седи на стол налик на престол на сина позадина. Истиот рачен часовник е мотивот што го користел Пикасо во портретот на неговата сопруга, балерината Олга Хохлова.

Волтер имала 17 години кога го запознала четириесет и петгодишниот Пикасо во Париз, а подоцна влегле во тајна врска додека тој сè уште бил во брак со Хохлова. Мари-Терез станала тема на Пикасо во голем број уметнички дела, вклучувајќи ја и сликата од 1932. година Femme nue couchée (Гола жена што лежи), која беше продадена за 67,5 милиони долари на аукција во 2022. година.

п1

Пикасо ја насликал „Жена со часовник“ во клучна година од неговата кариера. На 50 годишна возраст, тој веќе се стекнал со широко распространета слава до 1932. година, но ги засилил своите амбиции за да ги замолчи критичарите кои се прашувале „дали тој е уметник на минатото, а не на иднината“, според музејот Тејт  модерн.

Фишер Ландау ја купила сликата од њујоршката галерија Пејс во 1968. година и ја чувала покриена во својот стан на Менхетен, наведуваат аукциската куќа Sotheby’s.

Анонимен купувач победи двајца други понудувачи кои наддаваа за оваа слика.

Испрати коментар

Scroll To Top