Насловна / Арт и дизајн / Слика на Френсис Бејкон проценета на 50 милиони долари

Слика на Френсис Бејкон проценета на 50 милиони долари

bejkon ljubavnik
Сликата на Френсис Бејкон, која го претставува љубовникот и музата на славниот британски уметник, би можела да достигне цена од 50 милиони долари, кога следниот месец ќе се најде на аукција во Лондон.

Како што пренесува агенцијата „АП“, сликата Portrait of George Dyer Talking претставува млад човек со кого Бејкон имал турбулентна врска. Сликата била изложена на првата голема ретроспектива во 1971 година во Париз. Даер извршил самоубиство непосредно пред отворањето на изложбата. „Се работи за моќен портрет, веројатно на една од најголемата љубов на Бејкон“, истакнуваат во аукциската куќа „Кристи“, која е организатор на аукцијата.

Untitled-1

Вредноста на делата на Бејкон се зголемила по неговата смрт во 1992 година. Во ноември минатата година, триптих на овој уметник бил продаден за 142 милиони долари, со што стана најскапо уметничко дело продадено на аукција.

Испрати коментар

Scroll To Top