Насловна / Арт и дизајн / Слика на Алберто Бури продадена за 7,6 милиони долари

Слика на Алберто Бури продадена за 7,6 милиони долари

aukcija alberto buri
Сликата Combustione plastica од 1958 година на италијанскиот уметник Алберто Бури е продадена на аукција под наслов „Со широко отворени очи: италијанска уметност“ во Лондон, за повеќе од 7,6 милиони долари, објави организаторот на продажбата аукциската куќа Christie’s.

Цената што ја достигна ова платно за неколку пати ја надмина првично проценетата вредност на меѓу 2,7 и 3,6 милиони долари.

Покрај тоа, за време на наддавањето е продадено и делото на Микеланџело Пистолето. Сликата „Таа и тој” е продадена за 3,2 милиони долари, додека првично беше проценета на вредност меѓу 982 илјади и 1,3 милиони долари.

Следни, според постигната вредност на аукцијата, се две дела на Алиѓеро Боети. Платното „Додавање“ и сликите „Црвениот 60 1232“ и „Црвениот 60 1305“, насликани во периодот 1960-1970, се продадени за по 2,7 милиони долари секоја. Претходно овие дела беа проценети на 491 до 655 илјади долари, односно меѓу 737 илјади и милион долари.

Вкупно на аукцијата беа понудени 109 експонати, од една од најголемите приватни колекции од делата на припадниците на уметничкото движење Arte Povera собирани изминатите 25 години. Интересот на колекционерите беше насочен како кон делата на уметниците од повоениот период кои имале директно влијание врз развојот на движењето – Алберто Бури, Луцио Фонтана и Пиеро Манцони, така и сликите на најпознатите претставници на самото движење – Микеланџело Пистолето, Алиѓеро Боети, Марио Мерц и други.

Испрати коментар

Scroll To Top