Најновата изложба поставена во музејот „Прадо“ во Мадрид, им овозможува на слепите лица и лицата со оштетен вид да уживаат во уметничките дела преку поставката на нивните реплики во 3Д, коишто може да се допираат.
Тие, меѓу другото, можат да го „почувствуваат“ и уметничкото дело на Леонардо да Винчи.
Овие 3Д копии на уметничките дела беа креирани со помош на експерти и специјални техники кои им овозможија на слепите лица и лицата со оштетен вид со допир да реализираат врска со визуелната уметност.
Покрај сликите се наоѓа и текст во Брајово писмо, како и затемнети очила за оние луѓе кои гледаат, но сакаат на автентичен начин да ги доживеат овие уметнички дела.
Изложбата ќе биде отворена до 28 јуни оваа година.