Насловна / Вести / Sleep Shelter им помага на гејмерите да си играат во кревет додека другите спијат

Sleep Shelter им помага на гејмерите да си играат во кревет додека другите спијат

Јапонците креираа „кутија“ која ќе им овозможи на гејмерите да играат видео игри во кревет без да им пречат на другите.

Јапонската компанија Bibilab го претстави својот најнов додаток за животниот стил, Sleep Shelter, кој практично е продолжение на вашиот кревет.

Во Sleep Shelter можете да најдете празни џебови каде што можете да ставите паметен телефон или уред за игри со големина на екран до седум инчи (еквивалентно на Nintendo Switch).

Покрај тоа, Sleep Shelter има димензии од 90 сантиметри во ширина. Создаден е од материјал кој спречува светлината на екранот да излезе од оваа „кутија“. Така, светлината на телефонот или конзолата нема да ги вознемирува оние со кои корисникот дели соба или кревет.

На страните на „кутијата“ има отвори за проветрување, чија цел е да спречат да стане загушливо. Кога не се користи, Sleep Shelter може лесно да се склопи и чува.

Sleep Shelter има предложена малопродажна цена од 12.000 јапонски јени, што е околу 75 евра, и се продава преку продавницата на Амазон Јапонија.

Испрати коментар

Scroll To Top