Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска изјави дека следниот месец ќе започне уривањето на полуразурнатата зграда на Генералштабот, која беше бомбардирана од НАТО во 1999 година.
Тој потврди дека оваа недела ќе заврши реконструирањето на зелените површини околу зградата, кое се извршува по иницијатива на премиерот Александар Вучиќ, а во септември ќе започне поетапно уривање на воениот објект.
Властите сепак одлучиле да остават дел од урнатините, кои ќе сведочат за настаните од 1999 година.