Насловна / Вести / Следната година Косово започнува со изградба на нова термоцентрала

Следната година Косово започнува со изградба на нова термоцентрала

Termocentrala Kosovo B

Управниот комитет на проектот „Термоцентрала Ново Косово„ ја избра американската компанија “Conter Global” за инвеститор на новата термоцентрала на Косово. Партнер во проектот е  Светска банка и вреди околу една милијарда евра. Почетокот на работите е предвиден за крајот на 2016, а целосното завршување се очекува во 2021-2022 година. Министерот за економски развој на Косово потенцира дека проектот претставува долгорочно решение за стабилно снабдување со електрична енергија.

Според конечниот договор, капацитетот на централата ќе биде 500MW. Буџетските импликации се еднакви на нула, односно се работи за инвестиција од приватен инвеститор, најголема досега во земјата. Изведувач на овој проект допрва треба да се избере но има голем интерес од сериозни компании. По завршување на изградбата на новата термоцентрала, ќе се разгледува опцијата з азатворање на постоечката термоцентрала „Косово А“, а во план е реконструкција на „Косово Б“.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top