Италијанската галерија Уфици и властите на Хонг Конг задолжени за култура потпишале меморандум за соработка, а која ќе се однесува на уметничките изложби во овој град во Азија.
Првата изложба која ќе трае од септември 2020 година до јануари 2021 година и ќе биде на еден од најголемите сликари на италијанската ренесанса Сандра Ботичели, а која ќе биде изложена во музејот на уметноста во Хонг Конг. Не е најавено кои дела од Ботичели ќе бидат прикажани на изложбата, но се знае дека две ремек дела од крајот на 15 век „Пролет“ и „Раѓањето на Венера“ нема да патуваат во странство бидејќи тие се третираат како идентитет на галеријата Уфици.
Меморандумот за разбирање предвидува и развој на програми за професионална размена.
“Разменувањето на музејската експертиза со светот е клучно за нашата мисија“, вели Еике Шмит, директор на Уфици.