Насловна / Вести / Следната деценија ќе биде во знакот на е-мобилноста

Следната деценија ќе биде во знакот на е-мобилноста

struja-protiv-benzin

Се проценува дека веќе во 2030 година во големите градови на најбогатите земји во светот, две третини од возилата ќе бидат електрични, а дури 40% ќе бидат опремени со систем за автономно возење. Во некои градови потрошувачката на гориво од лесните возила ќе се намали за 75% до тој период, што ќе ги натера владите да бараат нови начини да го надоместат приходите од данокот од горивото. Во земјите во развој, градскиот сообраќај ќе биде насочен кон намалување на загадувањето преку комбинација на електричен јавен превоз и т.н „car-sharing“ систем. Ова се накратно заклучоците од Студијата која ја подготвиле  McKinsey  и  Bloomberg New Energy Finance.

trosoci-za-elektricni-vozila

Но, сепак и покрај овие прогнози фактот дека во 2015 се продадени само 1,3 милиони електрични автомобили на глобално ниво, што претставува помалку од 1% од вкупната продадена флота, не влева оптимизам.  Дури на почетокот на следната деценија се очекува поголем пробив на пазарот на електричните возила. Кон средината на 2020-тите години се смета дека вкупниот трошок за соственост на електричните возила ќе биде помал од возилата со мотори со внатрешно согорување, особено доколку се продолжи со темпото на зголемување на дометот на електричните возила. Првата генерација на електрични автомобили кои ќе можат да минуваат подолги растојанија (како Tesla 3 и Chevy Bolt) ќе се најдат на пазарот по година и пол.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top