Насловна / Вести / Следењето на пешаците и сообраќајот може да ги направи нашите градови попаметни

Следењето на пешаците и сообраќајот може да ги направи нашите градови попаметни

Во време кога градовите се развиваат општествено и технолошки, без сомнение се повеќе ќе се појавуваат системи засновани на вештачка интелигенција со што процесот на промени би бил поедноставен.
Беспилотни летала, автономни возила без возач, роботизиран јавен превоз, се се тоа технологии кои помагаат да се намали гужвата во сообраќајот. Меѓутоа, покрај овие технолошки новитети, кои нема така брзо да станат масовни (особено кај нас), постојат и бројни други начини за подобро организирање на сообраќајот и можности да ги направиме градовите попаметни.
Иако при споменување на град на иднината прва асоцијација е панорама преполна со дронови, всушност најпаметни градови ќе бидат оние кои во најголема мера ќе прибираат податоци онамо каде на луѓето најмногу и им значат – на улиците.

Проценка на однесувањето на пешаците

22
Можеби и најнеочекуваниот начин на кој градовите стануваат попаметни е набљудувањето и сознанијата за движењето на пешаците низ градот, бидејќи е важно да се сфати каде тие се движат и зошто. Вакви мерења и анализи се погодни за во иднина градот плански да се шири и развива. Иако анализата за движење на пешаците неретко е занемарена, таа всушност претставува една од клучните компоненти во развитокот на паметни градови.

Следење на автомобилите и велосипедите
Едно е сигурно – сообраќајните гужви никој не ги сака! Меѓутоа за овој проблем можат да помогнат новите технологии. Специјализирани сензори поддржани со вештачка интелигенција, можат да го следат движењето на автомобилите и велосипедите, бележејќи така клучни податоци за нивните рути и задржување. Утврдување на протокот на сообраќајот со користење на високотехнолошки анализи, точно се потврдува кое возило колку време поминало на одредена локација. Врз основа на овие податоци градот може попаметно да се организира и шири, пишува ArchDaily.

11
Вештачка интелигенција поврзана со семафори
Еден од најинтересните начини градот да стане попаметен е собирање податоци за сообраќајот, бидејќи благодарение на тие податоци може да се овозможи поголема безбедност, како и подобра функционалност на сообраќајната инфраструктура. Како градовите стануваат попаметни, така се поголемо значење се дава на подобрување на безбедноста како на возилата и возачите, така и на пешаците. Користејќи вештачка интелигенција при добивање податоци за сообраќајот во реално време, се добиваат информации кои можат да бидат корисни за зголемување на безбедноста.

44
Вештачка интелигенција поврзана со семафори може да даде податоци со помош на кои ќе се утврди каде и зошто настануваат проблеми во сообраќајот. Дроновите и автономните автомобили се два нови вида на потенцијален градски превоз, кои се развиени благодарение на собрани податоци токму на овој начин. Ваков вид на превоз може значително да ги намали гужвите во сообраќајот и истовремено да ја зголеми сигурноста на улиците.

33
Паметни градови се оние градови кои се шират на начин кој на граѓаните им обезбедува брз, сигурен и ефтин транспорт, добра инфраструктура и богата содржина, а при тоа квалитетот на животот да е на што повисоко ниво. Можеми ли ние на овој начин да ги планираме своите градови?

Испрати коментар

Scroll To Top