Цената на автомобилот пораснала во последните пет минути и поршето е продадено за 1,76 милиони долари. Станува збор за модел од 1964 година, а автомобилот е препознатлив по шарените психоделични шари. Почетната цена била 300 илјади долари.
Моделот 356Ц 1600 кабриолет е насликан со пеперутки и медузи и претставува еден вид споменик на поп-културата од шеесетитте години на минатиот век.
Џенис Џоплин го паркирала овој автомобил пред хотелот во Холивуд каде и подоцна е најдена мртва од предозирање со хероин во 1970 година.
Иако Џенис многу го сакала своето порше, сепак една од нејзините најпознати песни е посветена на мерцедес.