Новата изложба во лондонската галерија „Барбикан“ ги прикажува големите уметници од перспектива на нивната опсесија за собирање различни предмети. Поставката е посветена на приватните збирки на 14 повоени и современи уметници, а меѓу колекционерските предмети и разните куриозитети што низ годините на својата кариера ги собирале уметници, како Arman, Peter Blake, Hanne Darboven, Edmund de Waal, Damien Hirst, Howard Hodgkin, Dr Lakra, Sol LeWitt, Martin Parr, Jim Shaw, Hiroshi Sugimoto, Andy Warhol, Pae White и Martin Wong/Danh Vo.
На изложбата со наслов Magnificent Obsessions: The Artist as Collector, прва ваква во Велика Британија, посетителите ќе можат да разгледаат голем број предмети од кои големите уметници црпеле инспирација за сопствената работа.
Од колекцијата на Енди Ворхол
За многу од нив собирањето било опасно блиско на опсесија. Низ предмети од масовното производство и популарни колекционерски експонати, преку единствени куриозитети, до ретки уметнички дела и примероци, претставените збирки даваат увид во единствените светови на нивните уметнички инспирации, влијанија, мотивација и опсесија.
Меѓу експонатите се голем број садови во разни облици и мотиви, кујнски крпи во весели бои, препарирани животни, кукли, обвивки на плочи, дизајнерска постелнина, фосили стари стотици милиони години, па дури и збирка со черепи.
Од колекцијата на Питер Блејк
Изложбата е идеја на Lydia Yee, кустос во галеријата „Барбикан“, која со години ги посетувала ателјеата на уметниците, забележувајќи ги предметите со кои биле опкружени додека работеле.
„Секогаш сум се прашувала каков е односот помеѓу она што го собираат уметниците и нивните сопствени уметнички дела“, изјавила Lydia Yee.
Од колекцијата на Хироши Сугимото
Збирката черепи, сосема очекувано, му припаѓа на Хирст, кој исто така е пасиониран колекционер на препарирани животни и медицински модели, вклучително и на восочниот модел, кој прикажува како се отстрануваат полипи од носот на пациент.
Од колекцијата на Питер Блејк
Од колекцијата на Хане Дарбовен
Од колекцијата на Мартин Ванг
Од колекцијата на Демијан Хирст
Од колекцијата на Др. Лакра
Од колекцијата на Арман