Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects – RIBA) со задоволство објавува дека Сер Николас Гримшоу ќе добие Кралски златен медал 2019 година, највисоката чест на Велика Британија за архитектурата.
Во образложението се наведува дека Сер Гримшоу дал огромен придонес како на британската така и на светската архитектонска сцена. Најпознат е по својата работа на модернистичките објекти, меѓу кои се бројни јавни објекти и големи инфраструктурни проекти, вклучувајќи го еколошкиот проект Eden (Рајска градина) и Меѓународниот терминал на лондонската станица Waterloo.
Eden (Рајска градина)
Овие два проекта ги врзува не само нивната комплексна структура, туку и амбицијата со која се влезе во разработка на овие идеи. Двата проекта претставуваат пример на извонреден иновативен пристап кон архитектурата.
Изграден од стакло и челик Меѓународниот терминал во 1994 година ја освои наградата RIBA за зграда на годината и е пример за на британската архитектура за објекти од транспорт. Овалниот биом во Проектот Eden (Рајска градина) денес претставува светски познат еколошки центар.
Меѓународен терминал на лондонската станица Waterloo
Сер Николас Гримшоу го соновал своето студио 1980 година и отогаш со својот тим оформил импресивно портфолио во ке се наоѓаат проекти од сите делови на светот. Во него покрај поменатите објекти се наоѓаат и низа фабрики на компанијата Herman Miller, иновативните апартмани Regent’s Park, како и Ludwig Erhard Haus во Берлин. Денес неговата фирма запослува преку 600 работници и има канцеларии во Лос Анџелес, Њујорк, Лондон, Доха, Дубаи, Куала Лумпур, Мелбурн и Сиднеј.
Thermae Bath Spa
Британски павилјон, ЕXPO 1992. Севиља
По повод наградата Гримшоу изјави: „Одушевен сум од веста и би сакал да се заблагодарам на оние кои ја подржаа мојата номинација. Во мојот живот и работа секогаш се вклучував во експерименти и идеии поврзани со одржливост. Секогаш чувствував дека треба да ја користиме технологијата на времето во кое живееме за да го подобриме човештвото. Би сакал да се заблагодарам на сите оние кои било кога работеле во моето студио, бидејќи со својата работа придонесоа на нашата банка на идеии и на тој начин од него создадоа пријатно и хумано место за работа“.
На славниот архитект наградата ќе му биде врачена на свечена церемонија на почеток на 2019 година.