Насловна / Арт и дизајн / Славни модни куќи се претставија на Миланската недела на дизајн

Славни модни куќи се претставија на Миланската недела на дизајн

Во тек е еден од најважните фестивали на дизајнот во светот  – Миланската недела на дизајн (Salone del Mobile), кој трае до 9 април. Вистинска Мека е за сите оние што сакаат да се претстават или да се запознаат со трендовите во областа на дизајнерски производи и уредување на ентериери.

Во овој период, Милано е дестинација на која многу светски брендови ги претставуваат нивните нови колекции. Свој пат до таму оваа година нашле и славни модни куќи, што не е невообичаено, бидејќи повеќето од нив го имаат и овој сегмент во својот асортиман на производи.Salone-del-Mobile-2017

Така, своите нови парчиња мебел ги претставиле и луксузните француски куќи „Луј Витон“ и „Хермес“ како и италијанската куќа „Версаче“.

Salone-del-Mobile-2017-

Louis Vuitton колекција Objets Nomades

Salone-del-Mobile-2017-m

„Луј Витон“ на овогодишното издание се претстави со десет парчиња, кои се креирани од страна на водечките дизајнерски имиња како што се Patricia Urquiola, Raw Edges, Campana Brothers.

Salone-del-Mobile-2017.

Versace Home ShadoV
„Версаче“ ја искористи својата препознатлива силуета медуза која ја имплементира во елегантен стол направен од кожа, а доаѓа во четири деликатни нијанси.

Salone-del-Mobile-2017...

Hermès Karumi

Комбинацијата од бамбус и карбон е феноменален избор за минималистички троножец со потпис на куќата „Хермес“.

Испрати коментар

Scroll To Top