Автор: Порта3
Категорија: Арт и дизајн, Порта3
26/05/2014
6259 Прегледи
Славната столна ламба со нов изглед
Познатиот дизајнер Пол Смит ја претстави својата визија за дизајн на Anglepoise Type75 столна ламба. Овој предмет првпат се претстави во 1932 година од страна на автомобилскиот инженер George Carwardinea. Заради својата практичност, столната ламба доживеала многу реизданија, и во домаќинството влегла како типично тело за осветлување за работна маса, а во 2003 година ја доживеа последната интерпретација според идејата на Kenneth Grange, британскиот индустриски дизајнер, добивајќи го името Anglepoise Type75.
Токму овој модел е избран од страна на Пол Смит кој го обмислил со светли нијанси. Така, алуминиумската ламба силно свети во светло розова, маслинесто- зелена, нежно сина и жолта боја. Во продажба ќе биде достапна во месец септември и во сите продавници на брендот „Пол Смит“.
2014-05-26