Славината за пиво дизајнирана од бирото ВоО Barcelona за компанијата Cervezas Ambar го редефинира концептот на славини и ја нагласува умешноста на послужување пиво.
Дизајнот доаѓа од идејата вертикалата да се постави вон центарот на славината, создавајќи директна врска помеѓу купувачот и шанкерот кој точи пиво.
Овој близок однос, создаден со директен поглед на течноста која ја полни чашата, ги истакнува најважните работи: пивото, начинот на неговото послужување и природниот гест на предавањето.