Јапонскиот уметник Томо Танака се занимава со една по малку необична професија. Изработува многу детални минијатури инспирирани од слатки деликатеси и производи од рестораните и кафулињата во Париз.
Сите минијатури, направени со многу љубов, се изработени рачно, но се намалени дванаесет пати од нивната вистинска големина. За изработка на една минијатура, на Танака му се потребни неколку часа, а секоја негова минијатура изгледа примамливо и вкусно; за жал, но за чоколадо во нив нема место. Малите уметнички дела се направени од полимерна глина, метал и хартија, додека акрилната боја им го дава конечниот изглед.
Овие минијатури се произведени под името Nunu’s House, и може да се нарачат преку интернетска страница и блогот под истото име.