Насловна / Вести / „Sky Valley“ – научен и технолошки град

„Sky Valley“ – научен и технолошки град

Комбинирањето на технологијата со природата, урбаното со руралното и модерното со традицијата е токму она што ќе го карактеризира новиот потфат на MVRDV. Концептот за град на иднината има за цел да ги интегрира новите технологии и современите материјали во постојниот пејзаж и традиција. Проектот „Sky Valley“ ги балансира конкурентските потреби на областа преку новоразвиената технологија.

grad

Планирано е да се наоѓа во Ченгду во југозападниот дел на Кина. Локацијата е добро поврзана со другите делови на градот, но и руралните, нешто меѓу земјоделско земјиште и расфрлани села. Соодветно на тоа, овој дијаметрален контраст меѓу постојниот рурален пејзаж и идниот научно-технолошки парк „бара“ решение што ќе ги поврзе. Затоа MVRDV дизајнираше проект кој одговара на традицијата и иновативноста, минатото и иднината, младите и старите, истокот и западот, технологијата и земјоделството, притоа зачувувајќи ја долината.

grad1

Новиот проект ја следи природната топографија и го подобрува пределот на Линпан. Се фокусира на меѓуиндустриско истражување и иновации во храната и земјоделството, што е специфично за Ченгду. Градот поврзува луѓе од различни индустрии, култури и професии, па целта била да се создаде средина што ќе се карактеризира со поразновидна заедница со поширок избор на стилови на живот. Основачот на MVRDV, Вини Маас, вели дека суштината е да се создаде град кој работи заедно со природата каде што ќе можете „да посегнете по небото додека сте спуштени на земја“.

grad2

MVRDV NEXT, технички тим-дел од компанијата фокусиран на развој и имплементација на нови технологии во компанијата, разви серија дигитални скрипти за анализа и додавање елементи на постојниот пејзаж. Резултатот не е фиксен проект, туку систем што поканува инвестиции од клиентот и другите локални чинители. Параметрите може да се прилагодат и врз основа на нив да се променат инфраструктурата, висините и облиците на зградите итн. Со овој процес на правење сценарио, проектот се развива околу три главни долини: Долината на знаењето, Долината на искуство и Долината на вложувања. Тие се опкружени со седум кластери со различни карактеристики и центар за развој на транзитот.

grad3

Испрати коментар

Scroll To Top