Италијанската компанија Piaggio, односно производителот на легендарниот скутер „Веспа“, го прославува својот 70-ти роденден.
Во 1946 година, точно на 23 април, во Фиренца е патентиран првиот италијански скутер, попознат под култното име „Веспа“. За многу кратко време, ова едноставно возило стана не само симбол на Италија, туку и глобално препознатливо и популарно. Неговиот креатор Enrico Piaggio ја нарачал првата „Веспа“, и од тогаш се продадени 18 милиони во целиот свет.
Иако многумина со свој дизајн низ сите години се обидувале да го копираат и да создадат нешто подеднакво популарно, „Веспа“ успеала да се задржи од самите почетоци до денес на тронот и да стане синоним за стил, мода и италијански дизајн, а стана и симбол на некои филмски остварувања како што се Roman Holiday и Quadrophenia, но и на новите како што се The Man From U.n.c.l.e. и Alfie.
За да ги одбележи своите успешни седум децении, компанијата одлучила ексклузивно во продажба да го пушти моделот Vespa Settantesimo, кој според дизајнот е речиси идентичен со моделот од 1946 година.
Во Далмација постоела (можеби се уште се пренесува) мит-приказна која вели дека оригиналните нацрти за мопед многу сличен на подоцнежната Веспа биле дело на локален автомеханичар, заљубеник во моторите, пред II Светска војна. Тие скици, наводно, исчезнуваат во текот на италијанската окупација на тој дел од Јадранското крајбрежје, за да веднаш по војната во Италија се појави фамозната Веспа. Заклучокот сам се наметнува. Ова е тема за која на времето пишуваше Политикин Забавник и која, по толку години, ми има останато во сеќавање.