Насловна / Вести / Скулптурен мебел во париски апартман

Скулптурен мебел во париски апартман

Доминантен елемент на овој стан е компактна дрвена скулптурна структура, која исто така го претставува и најголемиот дел од мебелот во станот.drvena-struktura_10

Станот од 80 квадратни метри, во кој живее еден млад пар со куче, се наоѓа во 150 години стара зграда во Париз. Целта на проектот со оваа структура била со необичен и разигран дизајн да се разбие строгиот концепт на првобитниот простор, со цел да се откријат неговите внатрешни квалитети. Создавањето на новата структура во внатрешноста на станот го овозможиле и високите тавани.drvena-struktura_03

Дрвената структура е мултинаменска, и во исто време претставува полица за ТВ, работна маса, гардеробер, но и куќарка за кучето.drvena-struktura_01

Француското дизајнерско студио Razavi го смисли ваквиот план за уредување на просторот според потребите на млад пар, а со тоа го создале и посакуваниот пејзаж во внатрешноста на станот, како надополнување на постоечкиот, класичен париски амбиент, пишува Designboom.drvena-struktura_02

Компанијата Valchromat ја извела оваа конструкција, која е направена од плочки од дрвени влакна. Овој материјал бил избран и поради буџетските ограничувања, но исто така и поради неговата флексибилност, бидејќи може да се сече на самото место и да се поправа, ако тоа биде потребно.drvena-struktura_04

Додека целата конструкција е монохроматска, ѕидот во кујната е обложен со парчиња од мермер. Овие парчиња биле донесени од каменолом во Португалија.drvena-struktura_05

Различните соби во станот се физички одвоени, но во исто време меѓусебно се преплетени со дрвената скулптурна монохроматска структура.drvena-struktura_06 drvena-struktura_07 drvena-struktura_08 drvena-struktura_09 drvena-struktura_11

Испрати коментар

Scroll To Top