Насловна / Вести / Скулптури од трска на крајбрежјето Амбер

Скулптури од трска на крајбрежјето Амбер

Правилното управување со заштитените подрачја подразбира взаемен просперитет на животинските видови, растителните видови и на човекот. Со креативни идеи на заштита на драгоцената трска, во Литванија во селото Kурски провлак (Kuršių nerija), досетливите скулптори и биолози секоја година изработуваат скулптури од трската којашто расте на крајбрежјето Амбер (Amber Coast) и организираат изложба пропратена со музичко сценски настапи. Манифестацијата е атрактивна за туристите дури и од соседните земји.

trska
Селото е помогнато од Државната служба за заштитени подрачја на Литванија (State Service for Protected Areas -SSPA), којашто е третиот партнер на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање за твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“.

Во 1923 година, Kурски провлак првпат е вклучен во јурисдикцијата на Литванија. Со тек на време тука патувале не само германски туристи, туку и Литванци. Kурскиот провлак постепено се претворил од рибарско село до туристичка дестинација.

Испрати коментар

Scroll To Top