Во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на скулптури „Момент на привлечност“ од авторот Слободан Милошески.
„Овие нови, монументални пројави на авторот се апстрактно-асоцијативни формации, кои на прв поглед се отклонување од неговата првична опседнатост со кинетичкатата скулптура. Но, само на прв поглед: авторот останува опседнат со движењето, овојпат во мирување… “, пишува во критиката по повод изложбата.
Милошески дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот вајарство во 2009 година, а во 2011 година магистрирал на ФЛУ. Сега е докторанд на НХА во Софија, на катедра скулптура. Досега реализирал 16 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 50 групни изложби во Македонија и во странство.
Неговата изложба во КИЦ ќе биде отворена до 11 ноември.