Насловна / Арт и дизајн / Скулптури на површина од два милиметри

Скулптури на површина од два милиметри

Jasenko GJorgjevikj skulpturi na moliv

Дека уметноста е насекаде околу нас, и дека е можно врвни дела да се создадат дури и на врвот на графитен молив, докажува веќе со години Јасенко Ѓорѓевиќ од Тузла, БиХ.

Jasenko GJorgjevikj skulpturi

Неговите минијатурни скулптури го привлекуваат вниманието и на светската јавност, а овие денови под лупа на јавноста се најде неговата минијатура посветена на тригодишното дете Аjлан Курди, кое се удави на Медитеранот во обид со своето семејство да се засолни во Европа. Во последниот период тој највеќе е посветен на ваквите скулптури со порака.

Jasenko Gjorgjevikj skulp.

Свесен е дека неговата работа не може ништо да смени, но вели дека  многу е важно за проблемите и состојбите постојано да се зборува. Ѓорѓевиќ донекаде успеал во тоа, бидејќи бројни светски медиуми ги објавиле неговите фотографии на минијатурната скулптура посветена на малиот Аjлан.

Jasenko Gjogjevikj skulpturi od

За изработка на една минијатура Ѓорѓевиќ вели дека му се потребни 5-10 часа активна работа, само за добивање на првичен груб облик, а уште дополнителни неколку денови за сите детали.

Jasenko Gjorgjevikj skulpt. Jasenko Gjorgjevikj skulp.1

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top