Уникатната скулптура на клекнат Хитлер, создадена во 2001 година од восок, полиестер и човечка коса, продадена е неодамна по цена од неверојатни 17,2 милиони долари, на аукција на Christie во Њујорк.
Се работи за дело на контроверзниот италијански уметник Маурицио Кателан, и оваа скулптура на озлогласениот нацистички лидер гледана од позади, потсетува на мало дете кое се игра, но кога ќе се погледне фронтално, станува сосема јасно дека се работи за Адолф Хитлер.
Како дел од аукцијата Bound to Fail, на која продаваат повоени и современи уметнички дела, скулптурата првично била проценета за сума меѓу 10 и 15 милиони долари.
Претходните уметнички дела на Кателан се продавале по цена од 7,9 милиони долари, така што ова е неговиот нов рекорд.
Сите сме слушнале за колекционери и познавачи на уметноста кои се подготвени да платат неверојатни суми за уметнички дела, и тоа на многумина никогаш нема да им биде јасно. Особено во овој случај – веруваме дека многу луѓе ги интересира што толку го инспирирало и мотивирало купувачот на ова дело да потроши речиси 20 милиони долари. Сепак, веруваме дека ова е дело наменето за гледање, а не „разбирање“.