Дизајнерите Erik Olovsson и KyuhYung Cho, се автори на дизајнот на колекцијата ROOM, систем од мебел со склопливи блокови со различни форми и димензии. Двајцата дизајнери сакаат да го променат стандардниот однос меѓу објектот и просторот, применувајќи го принципот на составување на собите како единици во одреден објект.
Колекцијата ROOM е систем на мебел со 25 составни блокови и ниско масиче со разни геометриски празнини, инспирирани од архитектурата и предметите што може да ги држи. Кога сите елементи на ROOM ќе се искомбинираат тогаш се формира долга полица или висок кабинет со различни графички композиции. ROOM овозможува на секој корисник да ги собере своите омилени елементи за да изгради своја композиција на полица, маса или само скулптура во просторот.
Секој блок е инспириран од специфични објекти, создавајќи различни форми и големини. Тркалезните за вино, цик-цак формите за телефони, таблети и лаптопи, или за оставање на отворена книга. Секој блок може да биде една соба која ќе прими различни објекти, а композиициите се неограничувачки.
Оваа колекција ја подобрува индивидуалноста на еден ентериер и ги нагласува интеракциите помеѓу објектите и просторот. Колекцијата ROOM е направена од иверица, финиширана со мат лак.