Насловна / Архитектура / Скулптурален и иконичен облакодер во Ванкувер на Кенго Кума

Скулптурален и иконичен облакодер во Ванкувер на Кенго Кума

Јапонското архитектонско биро Kengo Kuma & Associates (KKAA) го заврши облакодерот во Ванкувер, Канада, со заоблен облик и полузатворен амфитеатар во подножјето.

Наречен  од Кенго Кума Alberni, станбениот облакодер со 43 ката се наоѓа во центарот на Ванкувер, во близина на брегот во населбата Coal Harbor.

3

Неговата заоблена структура има маса што лачно се оддалечува од улицата додека се крева и исправа при врвот.

Бирото оваа форма ја опишало како „Boolean scoops“, кои се вклучени за да се зачуваат погледите на постоечките згради во блокот и внесе светлина во становите подлабоко во облакодерот.

Кривата исто така овозможува секој стан да има вдлабнат балкон и воздухот да струи низ зградата.

4 (1)

„Резултатот е скулптурален и иконичен, препознатлив на хоризонтот, но исто така произлегува од соседски и искуствени причини“, изјави за Dezeen основачот на бирото Кенго Кума.

Бочните и горните страни на конструкцијата се обложени со стакло и алуминиумски панели, додека становите во рамките на „scoops“ имаат долги балкони со дрвени детали.

6 (1)

Панелите се слоевити на различни начини преку фасадата, создавајќи текстуриран визуелен модел.

Според KKAA, облакодерот е проектиран да одговори на хоризонтот на Ванкувер, кој е познат по густиот збир на облакодери обложени со стакло.

„Уедначеноста на материјалноста на облакодерот во Ванкувер е и неговата сила – карактеристичен, единствен градски пејзаж – и неговата можност да пружи нешто различно“, вели Кума.

5 (1)

„Нашите одлуки помалку беа директна реакција на сеприсутното стакло, а повеќе намера да создадеме кула чија висока маса е направена од помали парчиња, држејќи се до царството на метал и дрво“, продолжи тој.

„Кулата не користи стакло како материјал што ја дефинира масата, туку повеќе како практичен ограден простор – односно, за дизајнот, стаклото концептуално ‘не постои’“.

7 (1)

Конструктивните греди што се протегаат по фасадата се протегаат преку влезниот масив и се поврзуваат со теренот, формирајќи затворен простор каде што се создадени амфитеатар и градина со мов.

Дрвото што ги дефинираат долгите балкони продолжува надолу и дополнително ја штити полузатворената област.

Во рамките на амфитеатарот е клавир дизајниран од Кума, заеднички елемент вклучен во сите проекти спроведени од локалниот клиент Westbank,, кој го предводеше проектот Alberni.

1 (1)

Според Кума, полузатворениот простор треба да функционира како влезно лоби за зградата. Серија столбови преслечени со огледало го пресекуваат отворениот простор.

„Наместо затворен простор, влезот е облак од тенки, лесни елементи кои лебдат над просторот за изведба“, рече Кума.

10

Над амфитеатарот и над просторот на внатрешниот базен се наоѓа висечка скулптура која наликува на кигуми, дело од јапонска дрвена столарија. Поради противпожарните прописи, скулптурата е направена од алуминиум, обработен за да изгледа како дрво.

Ентериерите на јавните простори се минимални, со детали од камен и дрво кои се однесуваат на надворешноста на кулата. Содржините вклучуваат гореспоменатиот базен и музичка соба со избор на плочи и звучници вградени во ѕидовите обложени со плута. Во кулата ќе биде отворен и јапонски ресторан

9 (1)

Кума изјави дека структурата е во склад со голем дел од неговата претходна работа што покажува како големи згради може да се направат од серија „помали парчиња“.

8

„Нашиот интерес е во односите со околината, а не само во самите работи, а повеќе помали парчиња сугерираат попорозен однос, за разлика од потешките, цврсти волумени, со местото преку погледите, воздухот, светлината“, вели Кума.

„За нас, зградата не е самостоен објект, туку серија односи овозможени со архитектонски дејства, продолжи тој. „Некои гледаат зграда; ние гледаме врски и активности“.

Испрати коментар

Scroll To Top