Насловна / Арт и дизајн / Скулптурален дизајн во просторот

Скулптурален дизајн во просторот

joseph-walsh-mangus-celestii-designboom-02
Младиот дизајнер Joseph Walsh (роден во 1979 г.) го основа своето студио за дизајн во 1999 год. во Корк, Ирска. Тој е самоук дизајнер кој реализира единствени и уникатни парчиња мебел. Неговиот креативен пристап ја почитува природата и неговата желба како автор да ги спои корисникот со визуелните и опипливи форми.
Walsh jo 10 lrg
Неговиот најнов дизајн беше промовиран на 6 јули во галеријата New Art center, Roche Court во Обединетото Кралство. Ова е прва работа од неговото студио во поголем размер. Тие реализираат уникатна, спирална, слободна во просторот, скулптура изработена од јасеново дрво која ја именуваа како “Magnus celestii”. Ова специфично парче излегува од галерискиот простор, отпочнувајќи од земјата како работна маса, се шири кон надвор и горе, обвиткувајќи се околу периметарот на просторијата, за да на крај заврши долж бочниот ѕид како голема висечка полица. Спојувајќи ја формата и функцијата, “Magnus celestii” како дизајн го продолжува потписот на формалниот јазик, земајќи го предвид принципот на материјалите што се употребени.
joseph-walsh-mangus-celestii-designboom-07 joseph-walsh-mangus-celestii-designboom-06 joseph-walsh-mangus-celestii-designboom-05 joseph-walsh-mangus-celestii-designboom-04 joseph-walsh-mangus-celestii-designboom-03

Испрати коментар

Scroll To Top