Насловна / Архитектура / Скулптурален цвет во индустрискиот пејзаж на Бангкок

Скулптурален цвет во индустрискиот пејзаж на Бангкок

Тајландското биро Unknown Surface Studio го објави неодамна завршениот кафе-ресторан во форма на скулптурален цвет кој е целосно изведен во бела боја, и претставува необична архитектура во индустрискиот пејзаж на Бангкок.

Наречен Curvy Dining и поставен на целосно отворена парцела, просторот од 250 квадратни метри ја поканува природата да ја обликува неговата форма. Инспириран од дивите цвеќиња што растат на локацијата, проектот ја преведува органската радијална симетрија во течен архитектонски јазик.

Меки кривини како ливчиња во цветање

Просторот на објектот се шири од централна точка, а понатаму просторот го исполнуваат меки кривини кои наликуваат на ливчиња во цветање.

Објектот го следат и патеки со органска форма, како и зелени џебови кои заедно го прошируваат просторот на кафулето во околниот пејзаж, со што го прават доживувањето на престојот уште подобредојдено.

Мазните бели површини кои ја рефлектираат светлината го подобруваат скулптуралниот квалитет на зградата, објаснуваат од Unknown Surface Studio.

Архитектурата на внатрешниот простор е истовремено структурирана и отворена, со закривени ѕидови и цилиндрични форми кои ги дефинираат просторите.

Во ентериерот органскиот јазик продолжува, а вертикалните ребра кои се протегаат од ѕидовите до таванот создаваат течна, брановидна крошна, преку чиј централен отвор просторот се исполнува со природна светлина.

Линеарно обликуван пулт

Применетата палета на материјали е мека и топла, а доминираат бели површини и мебел од природно дрво.

Во просторот се применети сферични висечки светилки кои ги одразуваат кривините на објектот и фрлаат мека светлина што ја надополнува природната.

Линеарно обликуваниот пулт пружа суптилен контраст на флуидниот простор, го зацврстува просторот и го комплетира неговиот органски ритам.

Проект кој привлекува внимание

Curvy Dining е пример за тоа како архитектурата може да трансформира индустриски пејзаж, внесувајќи ги елементите на природата и уметноста во урбан контекст. Неговото уникатно обликување и интеграција со околината го привлече вниманието на архитектонската заедница, што резултираше со номинација за престижната награда „Зграда на годината 2025“ на порталот ArchDaily.

Испрати коментар

Scroll To Top